Почетна » Новости » Животни стории » Бесценети совети од еден грижлив покоен татко за своите деца

Бесценети совети од еден грижлив покоен татко за своите деца

Приказната за Пол Фланаген и неговата татковска љубов може да го трогне секој што ќе ја прочита.

Последните месеци од својот живот Пол ги поминал подготвувајќи се да го напушти овој свет, но имал за цел зад себе да остави скапоцени спомени по коишто ќе го паметат неговите деца.

„Ништо не му беше поважно на Пол од тоа да биде најдобар татко што може. Кога дозна дека ќе умре, немаше време да се сожалува. Тој целосно се фокусира на тоа да продолжи да биде добар татко во текот на претстојните години, иако знаеше дека лично нема да биде присутен“ – изјавила неговата сопруга Менди.

Томас, Пол и ЛусиТомас, Пол и Луси

Пол, кој по професија бил учител, пишувал писма и снимал ДВД пораки за своите деца, Томас и Луси, кои кога починал имале 5 и 1,5 години. Тој им купувал подароци за родендените на кои знаел дека нема да биде присутен и полнел голем ковчег со неговите омилени книги.

„Секоја книга има и порака за Томас и Луси во која тој објаснува зошто ја сакал, и колку се надева дека и тие ќе ја сакаат кога ќе бидат доволно големи за да можат да читаат“ – раскажала Менди.

Менди со децатаМенди со децата и списокот со совети

Пред околу еден месец Менди случајно открила уште едно од многуте писма од Пол. Писмото го пронашла во неговиот лаптоп и тоа содржело совети за среќен и исполнет живот наменети за неговите деца.

„Го отворив и солзи ми потекоа по образите, открив правила за водење на добар и среќен живот. Списокот со 28 инструкции за водење на добар живот не содржеа празни зборови, секоја од нив целосно го одразува начинот на којшто Пол го водеше својот живот. Тој беше паметен и храбар и чесен до дното на неговата душа, но јас никогаш немаше да пронајдам зборови за да го сумирам тоа како што тоа го направил самиот. Не можам да ви опишам колку сум задоволна што знам дека нашите деца ќе растат со вистинско разбирање за она што го направи Пол да биде Пол“ – изјавила Менди за Dailymail.

Пол починал во ноември 2009 година, на 45-годишна возраст, од рак. Во текот на последните месеци од животот тој се погрижил за финансиите на семејството, го организирал својот погреб, составил крикет тим од своите пријатели кои секоја година организираат хуманитарен натпревар во негова чест, им напишал писма на пријателите и бил на шопинг со Менди за да им купат подароци на своите деца за нивниот 18-ти и 21-ви роденден.

Менди и Пол ѝ купиле на ќерката Луси прстен за 21-от роденден, а кога продавачката ги запрашала дали е со соодветна големина, тие одговориле: „Не знаеме“.

„Таа се погледна во Пол и забележа колку е болен. Потоа, сите тројца се погледнавме во количката на Луси, која не ни знаеше што се случува“ – раскажала Менди за денот кога го купувале прстенот.

„Кога некои луѓе ќе дознаат дека имаат да живеат само неколку месеци, тие решаваат дека нивниот живот нема да биде целосен додека не скокнат со банџи или не го посетат Големиот Кањон. Но, Пол не беше таков. Сè што нему му беше важно беше токму тука. Тој живееше и умре според своите правила, и знам дека пронајде исполнетост“ – дополнила Менди.

Бесценетото писмо од Пол

  • Бидете учтиви, бидете точни, секогаш велете „ве молам“ и „благодарам“ и држете ги ножот и виљушката правилно. Другите луѓе се учат како да се однесуваат кон вас од вашите манири.
  • Бидете добри, внимателни и милосрдни кога другите се во неволја, дури и кога имате свои проблеми. Другите ќе ѝ се воодушевуваат на вашата несебичност и ќе ви помогнат кога во иднина вам ќе ви биде потребна помош.
  • Покажете морална храброст. Правете го она што е правилно, дури и тоа да ве направи непопуларни. Отсекогаш сум сметал дека е важно да се погледнам наутро во огледало додека се бричам и да не чувствувам вина или каење. Се разделувам од овој свет со скоро чиста совест.
  • Покажете смиреност. Бранете ги сопствените верувања и ставови, но направете пауза за да видите што велат оние на другата страна и повлечете се кога знаете дека не сте во право.
  • Учете од сопствените грешки. Ќе направите многу, па искористете ги како алатка за учење. Ако продолжите да ги повторувате грешките или наидете на проблем, тогаш нешто не правите како што треба.
  • Не кажувајте погрдни зборови за некого пред трети лица, затоа што единствениот кој ќе изгледа лошо ќе бидете вие. Ако имате проблем со некого, кажете му го тоа в лице.
  • Ако некој ве налути, не реагирајте веднаш. Откако ќе кажете нешто, никогаш не можете да си го вратите назад, а повеќето луѓе заслужуваат втора шанса.
  • Забавувајте се. Ако тоа вклучува преземање на ризик, тогаш нека биде така. Ако ве фатат, држете ги рацете кренати нагоре.
  • Донирајте за хуманитарни цели и помагајте им на оние кои имаат помалку од вас, многу е лесно и толку исплатливо.
  • Секогаш гледајте на посветлата страна! Чашата е полна до половина, никогаш половина празна. Секоја несреќа има позитивна страна ако ја побараш.
  • Направете вашите инстинкти секогаш да велат „да“. Барајте причини за да правите нешто, а не причини за да кажете „не“. Вашите пријатели ќе ве ценат поради тоа.
  • Бидете внимателни: ќе добиете повеќе ако можете да дадете некому повеќе од она што тој го посакува. Компромисот може да биде „крал“.
  • Секогаш прифаќајте покана за забава. Вие можеби нема да сакате да одите, но тие ве сакаат таму. Покажете учтивост и почит.
  • Никогаш не оставајте пријател на цедило. Јас би закопал тела за моите пријатели ако тоа го побараа од мене... токму затоа ги избирав внимателно.
  • Секогаш оставајте бакшиш за добра услуга. Тоа покажува почит. Но, никогаш не наградувајте лоша услуга. Лошата услуга е навреда.
  • Секогаш однесувајте се подеднакво кон оние што ќе ги запознаете, без разлика дали тие се погоре или подолу од вас во животот. Кон оние што се над вас однесувајте се малку поразлично, но не им ласкајте.
  • Секогаш почитувајте ја возраста, бидејќи годините значат мудрост.
  • Бидете подготвени да ги поставите на прво место интересите на вашиот брат/сестра.
  • Гордејте се со тоа што сте и со тоа од каде потекнувате, но бидете отворени за другите култури и јазици. Кога ќе започнете да патувате (што се надевам дека ќе го правите), ќе научите дека вашето место во светот е и витално и незначајно.
  • Бидете амбициозни, но не премногу. Поткрепете ги вашите изјави со мајсторство и напорна работа.
  • Живејте го секој ден од животот до максимум: правете нешто што ќе ве насмее и избегнувајте го одложувањето.
  • Дајте сè од себе на училиште. Некои учители забораваат дека на учениците им е потребна стимулација. Па, ако вашиот учител не ви ја даде, дајте си ја сами.
  • Секогаш плаќајте најмногу што можете да си дозволите. Не кратете во хотели, за облека, обувки, шминка или накит. Но, секогаш барајте добра зделка. Ќе добиете онолку колку што ќе платите.
  • Никогаш не се откажувајте! Моите два мали војници немаат татко, но вие сте храбри, со големо срце, здрави и силни. Исто така сте многу сакани од многу добар тим од членови на семејството и пријатели. Самите си ја создавате добрата судбина мои деца, па продолжете да се борите.
  • Никогаш не се сожалувајте себеси, или не го правете тоа долго време. Плачењето не ги подобрува работите.
  • Грижете се за своето тело и тоа ќе се грижи за вас.
  • Научете уште еден јазик, или барем обидете се. Никогаш не се впуштајте во разговор со странец без прво да го поздравите на неговиот мајчин јазик; во секој случај прашајте дали зборува англиски!
  • И за крај, ценете ја мајка ви, и грижете се многу добро за неа.

Ве сакам двајцата со целото мое срце.

Тато Х

Совети од кои сите треба да учиме.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.