Почетна » Новости » Животни стории » Бебенце тешко 400 г преживеало откако сестрата близначка била поставена до него како во матката

Бебенце тешко 400 г преживеало откако сестрата близначка била поставена до него како во матката

Минијатурно бебенце, тешко само 390 грама, успеало да се избори за својот живот откако неговата сестра-близначка била поставена до него, како во утробата на нивната мајка. Денес тоа е среќно девојче кое ужива во своето детство.

Лили и Самер

Лили Кобинг и нејзината сестра Самер се родиле принудно со царски рез во 27. недела од бременоста, поради влошената здравствена состојба на Лили. Нивната мајка, Мишел Роберт-Кобинг, ја добила лошата вест дека мора итно да се породи за време на преглед со ултразвук.

„Ја следеа одблизу состојбата. Ако Лили умреше во утробата, Самер ќе доживееше мозочен удар и таа ќе умреше исто така. Плачев, беше страшно, но мораш да го правиш она што е најдобро за нив“ – рекла посветената Австралијка.

Веднаш по раѓањето, двете девојчиња биле приклучени на апарат за дишење на оддел за неонатална интензивна нега. Лили била минијатурна, со должина колку пенкало, неоформени уши и проѕирна кожа, но со огромна желба за живот. „Лили беше мала, мала. Нејзините уши беа како суви кајсии, стомакот ѝ беше толку проѕирен што можевме да ги видиме нејзините органи, а очите ѝ беа затворени со недели“ – додала Мишел.

Лили Лили

Четири недели подоцна состојбата на Лили многу се влошила, а на нејзините родители им било кажано да се подготват за најлошото. Инстинктивно, тие ја зеле другата ќеркичка Самер од креветчето и ја сместиле до Лили за да бидат блиску една до друга како во утробата.

„Лили се стутка во Самер, а Самер се стутка во Лили“ – рекла Мишел.

Чувствувајќи ја топлината и љубовта на својата сестра, Лили успеала да ги надмине сите пречки и предизвици кои ѝ стоеле на патот и ги напуштила болничките простории 8 месеци по своето раѓање.

Сега, таа е енергично 5-годишно дете кое обожава да игра со својата сестра.

Лили и Самер Лили и Самер Лили и Самер Лили и Самер Лили и Самер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.