Почетна » Новости » Актуелно » Хуман гест: Airbnb ќе обезбеди бесплатно сместување за 100.000 бегалци од Украина

Хуман гест: Airbnb ќе обезбеди бесплатно сместување за 100.000 бегалци од Украина

Секоја помош значи премногу кога си принуден да го напуштиш својот дом и својата татковина.

Airbnb понуди да обезбеди привремен престој за 100.000 лица кои ја напуштаат Украина и немаат обезбеден кров над главата.

„Денес, објавивме дека Airbnb нуди бесплатно привремено сместување за 100.000 бегалци од Украина. Ова ќе биде финансирано од Фондот за помош на бегалци на Airbnb и дарежливоста на домаќините“ – пишува во соопштението на компанијата.

Од стартот на војната, над половина милион лица ја напуштиле Украина.

Извршниот директор и ко-основач на Airbnb, Брајан Чески, побара помош од граѓаните на соседните земји на Украина да ги отворат нивните домови за бегалците.

„Ни треба помош за да си ја исполниме оваа цел. Најголема потреба имаме од што повеќе луѓе кои можат да ги понудат своите домови во блиските земји, во кои спаѓаат Полска, Германија, Унгарија и Романија“ – напиша тој на Twitter.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.