Се ожени и најмалиот син на Трифун Костовски. Поранешниот градоначалник на Скопје сподели фотографии од свадбата на синот Филип и снаата Софија.
„Почитувани пријатели, го дочекав денот кога и мојот најмал син Филип стапи во брак со прекрасната Софија Кузмановска. Свадбата беше организирана согласно традиционалните обичаи на нас, Македонците од православна христијанска вероисповест. Зурли и тапани во мојот дом, во домот на семејството Кузмановски кога по старите обичаи моравме да ја ‘купиме’ невестата и да продолжиме со венчавка во црквата Пресвета Богородица. Чин кој што силно ме возбуди и ме врати во некои дамнешни времиња. Јас ја почувствував привилегијата на обичаите мои, Македонски да бидат повторно чевствувани, ама овој пат во нова цивилизирана и софистицирана атмосфера. Регистрацијата и свадбата во присуство на повеќе од 350 гости. Посакувам секој од вас мои пријатели да го доживеете овој чин кој ќе ве врати во младоста и ќе ве просветли во животот. Мудроста меѓу нас повозрасните доаЃа токму од животот и искуството на животниот пат кој сме го поминале. Да се радуваме на секој божји ден кога има веселби, венчавки, крштевки“ – напиша Костовски.