Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска предновогодишно посетија болни дечиња кои се лекуваат на Клиниката за детски болести во Скопје.
Македонскиот претседател и Првата дама се дружеа со малите пациенти на кои им читаа приказни и им дадоа подароци.
„Пријатна дружба, многу љубов, радост и топлина со младите пациенти на Универзитетската клиника за детски болести. Им посакуваме побргу да оздрават и да продолжат со безгрижната детска игра!“ – напиша Пендаровски во описот на фотографиите.