Почетна » Новости » Актуелно » Специјални промотивни цени на македонските производи во Веро за викендот без ДДВ

Специјални промотивни цени на македонските производи во Веро за викендот без ДДВ

Потрошувачите во Веро маркетите овој продолжен викенд (од сабота до понеделник) ќе може да купат многу голем број домашни производи за кои државата ќе им го врати целиот износ на данокот на додадена вредност (ДДВ). Веро видливо ги обележа домашните производи во маркетите за кои следи целосен поврат на платениот данок за да им го олесни купувањето на своите потрошувачи и да им овозможи максимално да ги искористат поволностите за време на продолжениот „Викенд без ДДВ“.

Викенд без ДДВ

Со цел да ги поддржи домашните производители и да ѝ даде дополнителен поттик на акцијата „Викенд без ДДВ“, Веро подготви специјални промотивни понуди фокусирани на домашни производи за да ги направи подостапни за граѓаните. Дополнително, за време на продолжениот викенд, Веро ќе ги удвои поените за секоја промотивна понуда на македонски производ, со што со секое пазарување потрошувачите ќе добијат двојно повеќе поени на своите Веро картички.

- Целосно ја поддржуваме владината акција „Викенд без ДДВ“ бидејќи сметаме дека ќе ѝ го даде неопходниот стимул на домашната економија во овој тежок период за бизнисот, а на граѓаните ќе им овозможи да се снабдат со потребните производи по пониски цени. Сакаме да дадеме личен придонес во целата акција и поради тоа одлучивме за врeме на продолжениот викенд на потрошувачите да им понудиме уште поголем број македонски производи по промотивни цени, како и да ги удвојуваме поените на Веро картичките за купените домашни производи, со што потрошувачите побрзо ќе го достигнат лимитот за да добијат вредносен ваучер. Од сабота до понеделник потрошувачите во Веро маркетите точно ќе знаат за кои производи ќе добијат целосен поврат на ДДВ, па ќе може најекономично да го испланираат својот шопинг – велат од менаџментот на Веро.

Викенд без ДДВ

Следејќи ја компаниската стратегија за долгорочна поддршка на домашните производители, Веро иницира активности и поддржува иницијативи насочени кон промоција и заштита на домашните производи. Веро неодамна активно се вклучи во иницијативата на Владата „Купувам домашно“ кога организираше дополнителна промоција и понуди на домашни производи во своите маркети и овозможи тие да станат подостапни за граѓаните.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19744 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.