Веро викендов врши достава на производи до домовите на потрошувачите во Скопје и Тетово додека трае целосната забрана за движење на граѓаните која завршува во понеделник наутро. Нарачките на производите се прават телефонски, при што работното време за нарачки и испорака е од 9 до 19 часот (во петок, сабота и недела).
На овој начин, потрошувачите од Скопје и од Тетово може да се снабдат со најразлични производи како што се храна, пијалоци, средства за хигиена и за дезинфекција, козметика, но и со многу други производи од различни категории како што се апарати за домаќинството, скари, производи за домот и сл.
Веро ја воведе услугата за нарачки на производи по телефон и нивна испорака до дома уште пред два месеца за да им излезе во пресрет на потребите на граѓаните и да им овозможи да се снабдат со потребните производи во периодот кога има забрана за движење како заштитна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.
Телефонските броеви за нарачка во Скопје се 075/499–643 и 075/488-129, а во Тетово нарачките се прават на телефонските броеви 075/499-783 и 075/499-682. Производите се плаќаат при испораката, во готово или со платежни картички.