Почетна » Новости » Актуелно » Пријателите со пораки се збогуваат со диџеј Ицко од Антена 5 кој на 48 години почина од коронавирус

Пријателите со пораки се збогуваат со диџеј Ицко од Антена 5 кој на 48 години почина од коронавирус

Ристо Меловски, познат како Диџеј Ицко, ја изгуби борбата со КОВИД-19. Популарниот водител и диџеј од Антена 5 радио почина на 48-годишна возраст како последица на компликации од коронавирусот.

Ицко беше активен на македонската диџејска сцена 15 години.

Ристо Меловски

Пријателите на Ристо со пораки на социјалните мрежи се збогуваа со него.

Панчо од ДНК објави заедничка фотографија и порака.

„Колега, другар и човек кој во секое време беше спремен да ( ми ) даде искрен совет, помош и поддршка. Сеуште во неверување и шок не знам што повеќе да напишам. Почивај во мир и нека ти е светол патот рапер. ( така се викавме он мене трансер ) Длабоко сочувство до фамилијата“ – напиша тој.

Прочитајте ја целата порака:

Утринава се вознемирив од информацијата дека колега почина од КОВИД-19. Прежално.

Страшно е што ние во Македонија се'уште се однесуваме ноншалантно, како се' да е нормално. А не е.

Не сфаќаме дека ова не е обичен вирус, грип кој ќе го победиме. Постојано си тераме онака како што ние мислиме дека треба, во ниеден миг, не остапувајќи од нашите потреби, затоа што ете не сме можеле, тешко ни било или ние едноставно не веруваме во она што се кажува. Ни фалеле дружби, ни фалел шопинг, ни фалело да можеме да правиме што сакаме без ограничувања, или не знам уште што друго...

Да, вистина е дека на сите ни недостасува старата нормалност. Но, засега мора да ја прифатиме новата. Поскоро што може. За да придонесеме одговорно кон заштита на колективот, а и нас поединечно.

За жал, вистина е дека постои вирус, кој коси. Зад тоа нема заговори или манипулации. Едноставно е. Вирусот е опасен. Многу опасен. Не прави исклучоци за млади и стари, по вери, родови или што и да е. И токму тоа е единственото на кое треба да застанеме, кога се обидуваме да споделиме наше мислење.

Никој од нас не може да биде сигурен дека вирусот едноставно нема да го фати или уште полошо, не дај боже, дека ќе се бори за живот.

Затоа другари, тишина малку. Никој од нас не е стручен. Никој од нас не може да знае што ќе се случи. Послушајте ги стручните и следете ги препораките. Вирусот не бира. Може да го совлада буквално секој.

За жал, за наше добро и за добро на нашите деца, мора да почитуваме препораки. Засега, тоа е единственото решение.

На колегата му посакувам мирно небо. Почивај во мир Ицко.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.