Коронавирусот ја однесе третата жртва во нашата држава. Почина пациентката од Дебар која подолго време беше на респираторна машина.
„И покрај сите напори на лекарите, медицинските сестри и интензивната терапија, за жал, таа почина денеска пред неколку часа. Беше на 66-годишна возраст и во историјата имаше податок дека прима хронична терапија за хипертензија“ – изјави Венко Филипче на последната прес-конференција.
Видео од прес-конференцијата на Венко Филипче
Има 29 новозаболени лица од кои 5 се од кожната клиника. По 16 дена поминати во изолација без никакви симптоми, тие имаат позитивен резултат.