Нè напушти Кире Костов. По долго боледување, легендарниот македонски композитор почина на 73-годишна возраст.
Талентираниот битолчанец напиша бројни македонски хитови кои долго ќе се паметат. Дел од нив се „Тајно моја“, „Илузија“, „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“ и „Синот божји“.
Голем дел од нашите музички ѕвезди во текот на својата кариера имаа соработувано со Костов, па беа погодени од веста за неговата смрт.
Славните пејачи со пораки се зборуваа со врвниот маестро.
Каролина Гочева
Антониа Гиговска
Тамара Тодевска
Александар Тарабунов
Игор Џамбазов
Стефан Филиповски од Next Time
Ламбе Алабаковски
Роберт Билбилов
Костов е роден 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Во периодот од 1970-1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а подоцна и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа. Кире Костов таа година беше прогласен како најдобар трубач-инструменталист во Југославија и беше избран да ја представува Југославија во тој оркестар.
Како трубач досега има снимено преку триста минути солистичка музика од областа на џезот, популарната музика, класичната музика и друго. Како солист има учествувано во многу емисии на кои што се изведуваа разни автори-солисти од сите ТВ куќи во бивша Југославија од Љубљана до Белград изведувајќи негова музика во којашто секогаш преовладува македонската мелоритмика.
Учесник е на Глазбената парада во Раденци Р. Словенија од почетокот до крајот (1974-1989). На оваа парада од музика Кире Костов учествувал со преку четириесетина наслови и со преку петстотини минути солистичка музика, како со Бидбендот на МРТВ така и со други оркестри како гостин солист.
Како диригент на Танцовиот оркестар на МРТВ (1988) за нејзините потреби има реализирано снимки од преку триста наслови.
Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот од кои би ги издвоиле ,,Акварел“, „Бела ноќ“, „Македонска суита 1 и 2“, „Нени“, „Травелинг“, „Догледање“, „Алегорија“, „Лепе ти је Беле Вирје“, „Си заљубив едно моме“ и др.
Од областа на популарната музика има околу тристотини наслови како што се „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“, „Само сеќавање“, „Не биди слеп“, „Манастирски сон“, „Моја Битола“, „Охридски спомени“, „Бела птица“, „Кој да ти каже“, „Тонови тајни“, „Ти пеам песна“, „Рум, дум, дум“, „Љубовна религија“, „Што те нема“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори.
Костов бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади Си-До кој се одржуваше во Битола од 1991-2000 година. Од овај фестивал произлегоја преку 200 песни за деца и млади од кои половината од нив беа прогласени за хитови. Еве некои наслови од тој фестивал – „Наташа од трето три“, „Прва љубов“, „Супер бабичка“, „Фламенго“, „Заради тебе Зоране“, „Детство“, „Без другар тешко е“, “Визба стара и гитара“ и многу друри. Бил уметнички директор на Интерфест – Битола за популарна музика (1994-1996). Добитник е на бројни награди и признанија од кои би ги издвоиле - Три Гранприја на фестивалот Макфест (1986,1993, 1995 година), Два Гранприја на Скопскиот фестивал (1995 и 1997 година). Гранпри на Славјански базар во Белорусија „Тајно моја“ и „Илузија во интерпретретација на Тоше Проески, второ место на Славјански базар – „Бела птица“, „хххх“ во интерпретација на Каролина Гочева, втора награда на Славјански базар во Киев Украина – „Што те нема“ во интертретација на Лидија Кочовска, втора награда на фестивалот Сунчане скале – „Тајно моја“ во интерпретација на Тоше Проески, Гранпри на фестивалот Сунчане скале - „Рум, дум, дум“ во интерпретација на Калиопи и Наум Петрески, трета награда на фестивалот Пјесма Медитерана-Будва, Црна гора – „Љубовна религија“ во интерпретација на Јоце Панов и многу други.