Бројот на новозаболени со новиот коронавирус расте. Во изминатите часа има регистрирано 164 нови случаи на КОВИД-19 од направени 5.276 тестирања.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Тетово – 60
- Скопје – 34
- Гостивар – 21
- Куманово и Битола – по 8
- Струмица, Кичево и Дебар – по 5
- Штип и Кочани – по 4
- Прилеп и Струга – по 3
- Берово – 2
- Охрид и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од:
- Скопје – 7
- Тетово – 6
- Куманово – 4
- Кичево – 1.
Пријавени се три починати лица: две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г).
Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.