Почетна » Новости » Актуелно » Официјално: Полициски час од 20 до 5 часот, кафичите и рестораните се затвораат

Официјално: Полициски час од 20 до 5 часот, кафичите и рестораните се затвораат

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19 и препораките на Кризниот штаб, Владата на денешната седница донесе одлука полицискиот час да започнува во 20 часот навечер и да трае до 5 часот наутро.

„Прво, забрана и посебен режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија во временски период од 20 часот до 5 часот наредниот ден, почнувајќи од 6 април 2021 година, вторник, до 20 април 2021 година, вторник“ - рече премиерот Зоран Заев.

Кафичите, рестораните и другите угостителски објекти целосно се затвораат. Се затвораат и фитнес салите.

КОВИД

Заострените мерки следат по значителното влошување на состојбата со КОВИД-19 во земјава и зголемувањето на бројот на нови случаи на дијагностицирани со коронавирус. Бројот на заразени со новиот коронавирус SARS-CoV-2 во средата достигна рекордни 1.511, а во петокот имаше рекордни 50 смртни случаи. Состојбата во болниците е критична.

КОВИД КОВИД КОВИД КОВИД КОВИД

„Останува на сила строгата забрана за групирање на повеќе од 4 граѓани“ - потенцира Заев.

Министерот Венко Филипче соопшти: „Се соочуваме со бран којшто е предизвикан од мутација на вирусот којашто е различна во однос на карактеристиките кои тој вирус и соодветно на тоа бранот ги имаше во месец ноември минатата година. Имаме голем број на пациенти коишто се хоспитализирани во болниците, имаме една карактеристика да сега лекувањето трае нешто подолго во однос на тоа што беше лекување на заболени коишто беа во минатата година во месец ноември и тоа ствара дополнителен терет на сите болнички установи каде што се хоспитализираат пациентите, на сите здравствени работници коишто се целосно мобилизирани и учествуваат во лекувањето на овие пациенти“.

Новите рестриктивни мерки се однесуваат на:

Продолжување на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија во временски период од 20:00 до 5:00 часот наредниот ден почнувајќи од 6 април (вторник) до 20 април 2021 година.

За време на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраење од еден час, почнувајќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат. На граѓаните, кои извршиле имунизација/вакцинација во центрите за вакцинација, во временски период непосредно пред започнување на забраната и посебниот режим на движење им се дозволува враќање до своето живеалиште/престојувалиште врз основа на потврдата за извршена вакцинација.

Целосна забрана за посетители-гости во сите угостителски објекти (кафетерии, ресторани, барови, клубови) и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, како и во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување) или на бензинските станици, а оние угостителски објекти, кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн или телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт) почнувајќи од 7 април 2021 година, (среда) до 20 април 2021 година.

Исклучок од ова се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување).

Целосна забрана за посетители, гости во сите обложувалници, односно приемот на посетителите и работата на обложувалниците да биде овозможено исклучиво преку вршење на шалтерска услуга (шалтер, штанд, пулт) односно угостителскиот објект/дел во обложувалниците, како и во казината, да биде затворен за посетители, почнувајќи од 7 април 2021 година (среда) до 20 април 2021 година.

Целосна забрана за посетители-гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање почнувајќи од 6.4.2021 година (вторник) до 20 април.

Се забранува организирање, одржување и присуство/учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, од 6.4 до 20.4.2021 година.

Забрането е собирање во групи и групирања на повеќе од четири лица на јавен простор, паркови, или било која површина на отворено. Ова важи на целата територија на државата секој ден во текот на седмицата.

Продолжуваат да важат дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби.

За земјоделците, остануваат истите правила за движење за време на полицискиот час. Ова се однесува на нивното движење за извршување на работните обврски во атарот (местото на живеење) исклучиво за извршување на работните обврски. Останува да важат дозволите за движење на регистрираните земјоделци, евидентирани во подрачните единици на Министерството за внатрешни работи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.