Комисијата за заразни болести има три нови предлози за олабавување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
На денешната прес-конференција, беше посочено дека комисијата предлага да се укинат задолжителните маски за учениците во основните училишта, да не се бараат сертификати во отворениот дел од угостителските објекти, како и да се зголеми капацитетот на исполнетост на објекти од затворен тип како театри, кина, опери, на 75 отсто, за разлика од досегашните 50 отсто.
Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, посочи дека мерката носење заштитни маски останува за наставниците и персоналот во училиштата.
Овие предлози ќе бидат разгледани на следната седница на Владата.