Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 3.284 тестирања, а има 890 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 349
- Битола 68
- Куманово 59
- Прилеп 52
- Тетово 36
- Струмица 35
- Велес 32
- Охрид 29
- Кавадарци 27
- Штип 25
- Кочани 24
- Кичево 20
- Гостивар 19
- Виница 15
- Гевгелија 14
- Неготино и Валандово по 11
- Струга, Свети Николе и Радовиш по 9
- Пробиштип 7
- Крива Паланка 6
- Ресен и Берово по 4
- Делчево и Демир Хисар по 3
- Богданци, Демир Капија и Кратово по 2
- Крушево, Македонски Брод, Пехчево и Дојран по 1
Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (35г, 39г, 61г, 69г, 73г, 80г ,84г), 6 лица од Куманово (65г, 70г, 73г, 74г, 76г и 87г), по 3 починати лица од Прилеп (71г, 72г и 77г) и Битола (64г, 65г и 74г), по 2 лица од Кавадарци (75г и 76г), Велес (53г и 79г), Штип (67г, 69г), Струмица (54г и 84г), Крива Паланка (71г и 72г) и Струга (62г и 72г), по едно лице од Гостивар (77г), Кочани (34г), Кичево (57г)и Охрид (77г).
Регистрирани се 1.024 оздравени пациенти од:
- Скопје 464
- Битола 74
- Куманово 65
- Прилеп 60
- Кавадарци 51
- Велес 40
- Гостивар 27
- Штип 26
- Тетово 25
- Струмица и Гевгелија по 21
- Берово 16
- Кочани 15
- Кичево, Неготино и Валандово по 13
- Радовиш 12
- Ресен 9
- Свети Николе 8
- Крива Паланка 7
- Виница и Богданци по 6
- Македонски Брод и Дебар по 5
- Пробиштип, Демир Капија, Крушево и Делчево по 4
- Пехчево 3
- Кратово 2
- Дојран 1
Досега во земјата се направени вкупно 681.272 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.001, бројката на оздравени пациенти е 120.707, на починати е 4.357, а бројот на активни случаи изнесува 19.937.