Министерството за здравство ги објави најновите податоци за ситуацијата со коронавирусот во нашата држава.
Во изминатото деноноќие, направени се 549 тестови, а потврдени се 40 нови случаи на КОВИД-19 кај нас. Новозаболените по градови се од: Скопје (26), Куманово (1), Прилеп (1), Тетово (10), Велес (1) и Битола (1).
Потврдени се уште 11 оздравени пациенти.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје почина 56-годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.898, бројката на оздравени пациенти е 1.378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409. Последната дистрибуција по градови е:
- Скопје – 673, активни 169
- Куманово – 419, активни 23
- Дебар – 51, активни 0
- Штип – 38, активни 3
- Прилеп –204, активни 55
- Тетово – 161, активни 73
- Струга – 71, активни 5
- Велес – 127, активни 52
- Битола –28, активни 9
- Охрид –21, активни 6
- Кавадарци – 5, активни 0
- Гостивар –21, активни 4
- Гевгелија – 4, активни 0
- Струмица – 3, активни 1
- Крива Паланка – 6, активни 1
- Радовиш – 4, активни 0
- Крушево – 3, активни 0
- Кочани – 31, активни 1
- Пробиштип – 2, активни 0
- Кичево – 2, активни 0
- Неготино – 9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар – 1, активни 0
- Македонски Брод – 2, активни 0
- Пехчево – 3, активни 1
- Делчево – 1, активни 0
- Валандово – 1, активни 0
- Виница – 3, активни 1
- Кратово – 2, активни 1
- Берово – 1, активни 1
- Свети Николе – 1, активни 1
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај - вработен во градинка во Скопје.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 3, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.