Министерството за здравство објави дека потврдени се 64 нови оздравени пациенти кај нас.
Во изминатите 24 часа, направени се 145 тестирања, а има 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје (13), Прилеп (2) и Тетово (7). Досега во земјата се направени вкупно 19.241 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.
Согласно ова, последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 563, активни 128
• Куманово – 408, активни 44
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-35, активни 2
• Прилеп –178, активни 58
• Тетово – 117, активни 58
• Струга – 67, активни 4
• Велес – 107, активни 49
• Битола –23, активни 4
• Охрид –15, активни 0
• Кавадарци – 5, активни 1
• Гостивар –19, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 5
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 2
• Делчево-1, активни 1
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 2
• Берово-1, активни 1
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација 2.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 4 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти сомнителни на КОВИД-19, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 7, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.