Венко Филипче и Министерството за здравство ги споделија најновите информации за коронавирусот во земјата.
Во изминатото деноноќие, регистрирани се 28 нови случаи на заболени од КОВИД-19, со што вкупната бројка се искачи на 1.259.
По градови, новите заболени се од Скопје (11), Куманово (2), Прилеп (9), Тетово (2), Велес (3) и Валандово (1).
Добрата вест е што има 48 нови оздравени пациенти. Од нив, 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје на 51-годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста, а досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19.
Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
- Скопје – 422
- Куманово – 342
- Дебар – 51
- Штип – 34
- Прилеп –126
- Тетово – 62
- Струга – 55
- Велес – 62
- Битола –17
- Охрид –15
- Кавадарци – 4
- Гостивар –13
- Гевгелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка – 4
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 28
- Пробиштип – 2
- Кичево – 2
- Неготино – 2
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод – 2
- Пехчево – 1
- Валандово – 1