Министерството за здравство ги објави новите информации за коронавирусот во земјата.
Дијагностицирани се 48 нови случаи, со што вкупниот број на заболени од КОВИД-19 се искачи на 711.
По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.
Излекувани се нови четворица од заболените пациенти. Од инфективната клиника испишани се 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.
Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка.
Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид -19.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
- Скопје – 284
- Куманово – 168
- Дебар – 49
- Штип-21
- Прилеп –50
- Тетово – 31
- Струга – 33
- Велес – 18
- Битола –8
- Охрид –4
- Кавадарци – 3
- Гостивар –6
- Гевглелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка-3
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 19
- Пробиштип - 1