Според најновото соопштение од Министерството за здравство, во Македонија регистрирани се 26 нови случаи на коронавирус.
По градови: 11 од нив се од Скопје, 2 од Куманово, 3 од Тетово, 6 од Струга, 1 од Битола, 1 од Гостивар, 1 од Виница и 1 од Неготино.
Вкупниот број заболени од КОВИД-19 во земјава достигна 1.326 лица.
Во изминатото деноноќие потврдено е дека се оздравени 36 пациенти. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје - 15, Прилеп - 6, Велес - 3, Кочани - 2, Пробиштип - 1 и Штип - 7.
На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април.
Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Преку ИЈЗ – 233, преку Ветеринарен факултет – 12, Авицена – 15, Биотек – 52, Филип Втори (Жан Митрев) – 76, Систина со PCR метода - 16 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 14057 тестирања на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 3 пациенти, а хоспитализирани вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се 6, а потешко болни се уште 19 пациенти кои се на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 11, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти. Со потешка клиничка слика се 6 пациенти, а 7 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 11 пациенти, додека во Штип болнички се лекуваат 3, а на домашно лекување уште 15 пациенти.
По завршување на епидемилошките анкети, од вчерашната евиденција едно лице од Гостивар е жител на Тетово, а едно лице од Кичево е жител на Скопје. Согласно ова последната дистрибуција по градови е:
- Скопје – 451
- Куманово – 355
- Дебар – 51
- Штип-34
- Прилеп –131
- Тетово – 69
- Струга – 61
- Велес – 62
- Битола –18
- Охрид –15
- Кавадарци – 5
- Гостивар –14
- Гевгелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка-5
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 28
- Пробиштип – 2
- Кичево – 2
- Неготино -4
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод -2
- Пехчево- 1
- Валандово -1
- Виница – 1