Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа регистрира 20 нови случаи на коронавирус кај нас.
По градови новите заболени се од: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1.
Вкупниот број на дијагностицирани со КОВИД-19 кај нас е 1.694.
Потврдени се 24 нови оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестови.
Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.
Во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи на КОВИД-19.