Бројот на заболени од коронавирус на дневно ниво опаѓа. Во изминатите 24 часа биле потврдени 18 нови случаи на КОВИД-19, со што во нашата држава регистрирани се вкупно 617 случаи.
Според местото на живеење, новозаболените се од Скопје (7), Куманово (2), Битола (2), Кавадарци (еден кој почина), Прилеп (4), Кочани (1) и Крушево (1).
Министерството за здравство информира дека уште две лица позитивни на КОВИД-19 ја изгубиле битката за живот. На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата „8 Септември“.
Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома.
Досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје – 261
- Куманово – 130
- Дебар – 49
- Штип-20
- Прилеп – 38
- Тетово – 29
- Струга – 28
- Велес – 10
- Битола – 8
- Охрид – 3
- Кавадарци – 3
- Гостивар – 4
- Гевглелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка – 3
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 18
Во изминатото деноноќие направени се 351 тест. Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на КОВИД-19.