Почетна » Новости » Актуелно » Нова состојба: 17 новозаболени, 16 оздравени и 2 починати од коронавирус во земјава

Нова состојба: 17 новозаболени, 16 оздравени и 2 починати од коронавирус во земјава

Министерот Венко Филипче објави дека денес Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

Во изминатите 24 часа, направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје (3), Куманово (2), Прилеп (3), Тетово (6), Велес (2) и Битола (1). Досега во земјата се направени вкупно 20.548 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89 години), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72 години) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.

коронавирус

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.740, бројката на оздравени пациенти е 1.251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.