Почетна » Новости » Актуелно » Најнови податоци: 22 оздравени, 33 нови заболени и 1 смртен случај од коронавирус во Македонија

Најнови податоци: 22 оздравени, 33 нови заболени и 1 смртен случај од коронавирус во Македонија

Бројот на излекувани пациенти од коронавирус во земјава повторно порасна. Министерството за здравство информираше дека потврдени се 22 оздравени лица во изминатото деноноќие.

Во последните 24 часа, регистирирани се 33 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје (11), Куманово (2), Штип (1), Прилеп (5), Тетово (2), Велес (9), Битола (2) и Крива Паланка (1). Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на КОВИД-19.

коронавирус

На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70-годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.

Вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19732 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.