Епидемиската крива сè уште нагло расте. Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 1.045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на КОВИД-19.
По градови, новите заболени се од:
- Скопје - 85
- Куманово - 24
- Дебар - 3
- Штип - 5
- Прилеп - 3
- Тетово - 18
- Струга - 5
- Охрид - 9
- Гостивар - 2
- Гевгелија - 1
- Крива Паланка - 1
- Кочани - 1
- Македонски Брод - 1
- Валандово - 1
- Свети Николе - 2
- Ресен - 2
- Неготино - 1
Починати се две лица од Скопје и Тетово.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент - позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во: Скопје (3), Прилеп (6), Струга (1), Велес (1) и Виница (1).
Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.