Според најновото соопштение од Министерството за здравство, во изминатото деноноќие направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на КОВИД-19.
- Скопје 92
- Куманово 3
- Дебар 5
- Штип 1
- Прилеп 2
- Тетово 32
- Струга 3
- Охрид 4
- Гостивар 2
- Гевгелија 1
- Струмица 1
- Крива Паланка 1
- Свети Николе 1
- Ресен 14
Починати се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), хоспитализиран пред три дена.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69г) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73г) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70г) хоспитализирана на 2 јуни.
Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59г), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69г) а во болницата во Гостивар на пациентка (58г) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на ковид е докажан постмортем.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти.
- Скопје 2
- Прилеп 2
- Тетово 1
До овој момент лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори) не пријави тестирања во Институт за јавно здравје.
Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.057, бројката на оздравени пациенти е 1.710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.159.