Почетна » Новости » Актуелно » Најнова состојба: 50 оздравени, 22 новозаболени и 2 смртни случаи од коронавирус кај нас

Најнова состојба: 50 оздравени, 22 новозаболени и 2 смртни случаи од коронавирус кај нас

Венко Филипче објави дека денес Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти.

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје (8), Штип (2), Прилеп (2), Тетово (3), Струга (1), Велес (4), Свети Николе (1) и Гостивар (1). Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на КОВИД-19.

коронавирус

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на КОВИД-19 во Битола.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78 години) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77 години), на болничко лекување од 14 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.839, бројката на оздравени пациенти е 1.351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.