Според денешното соопштение на Министерството за здравство, во изминатите 24 часа регистриран е 21 нов случај на коронавирус во земјата.
По градови новозаболените се од: Скопје (7), Куманово (6), Прилеп (4), Тетово (1), Пехчево (1), Делчево (1) и Струга (1).
Со тоа, вкупниот број на заболени од КОВИД-19 кај нас е 1.442.
Бројот на оздравени лица повторно порасна и во изминатото деноноќие се потврдени 38 нови излекувани пациенти.
Вкупната бројка на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.
Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на КОВИД-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на КОВИД-19 пристигнал вчера.
По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица.