Во изминатите 24 часа, регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус во нашата држава. Со тоа вкупниот број на заболени од КОВИД-19 се искачи на 1.207.
По градови, новите заболени се од Скопје (8), Куманово (9), Прилеп (5), Тетово (3), Велес (3), Охрид (8) и Кочани (1).
Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови.
Починаа двајца пациенти позитивни на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.
Во изминатото деноноќие направени се 314 теста, а вкупно досега 11.870 тестирања на коронавирусот.