Министерството за здравство во најновото соопштение објави дека има 23 нови случаи на коронавирус во земјава.
Најновите заболени лица се од: Скопје (12), Куманово (4), Тетово (4), Прилеп (2) и Неготино (1).
Во изминатите 24 часа, направени се 702 тестови и потврдени се 9 нови оздравени пациенти. Од вкупниот број направени тестови, во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот и не се откриени позитивни на КОВИД-19.
Во ГОБ „8 септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на КОВИД-19, а потврден позитивен денеска.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.921, бројката на оздравени пациенти е 1.387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422.