Сè повеќе расте бројот на оздравени лица од коронавирус во земјава. Министерството за здравство информираше дека има 21 нови излекувани лица, од кои 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, а сите се лекуваа во домашни услови.
Во изминатото деноноќие дијагностицирани за 18 новозаболени од КОВИД-19. По градови, Скопје (2), Куманово (9), Штип (2), Тетово (2), Велес (1), Гостивар (1) и Пехчево (1).
Вкупниот број на заболени лица кај нас се искачи на 1.225.
Починати се тројца пациенти позитивни на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46-годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски период била на механичка вентилација, и еден 71-годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63-годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.
Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
- Скопје – 411
- Куманово – 338
- Дебар – 51
- Штип – 34
- Прилеп –117
- Тетово – 57
- Струга – 55
- Велес – 59
- Битола –17
- Охрид –15
- Кавадарци – 4
- Гостивар –13
- Гевгелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка – 4
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 27
- Пробиштип – 2
- Кичево – 2
- Неготино – 2
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод – 2
- Пехчево – 1