Со голема забава и најава за незаборавен летен фестивал, Gold Felicia го одбележа вториот роденден.
Се пееја македонски песни и се ширеа насмевки и позитивно расположение додека се наздравуваше за местото на кое „световите на убавото јадење, на возбудливите игри, луксузните сместувања и хипнотизирачката забава се спојуваат во совршена хармонија“.
Роденденското уживање започна со срдечна благодарност до присутните. „Вашата постојана поддршка, лојалност и ентузијазам беа движечка сила за нашиот успех и придонесе да станеме почитувана дестинација каде што се создаваат незаборавни искуства“ – рече Никола Пројчевски, кој е дел од тимот на Gold Felicia.
Групата Фонтана со специјалните гости Бојан Стојков, Полина Тасева, Димитар Андоновски и Александар Тарабунов со македонска музика ги раздвижија и распеаја гостите и им оддадоа чест на доајените од „Градот на конзулите“ – Пепи Бафтировски и Јонче Христовски. Македонската традиција ја оживеаја на сцената играорците од КУД Илинден.
Во краткото обраќање, Пројчевски ги потенцираше успесите на ресторанот и хотелот Gold Felicia, се осврна на впечатоците од единственото кабаре шоу кое има одржани 215 настапи и наброја дел од изведувачите кои токму од таа сцена ја забавуваа публиката.
„Во изминативе две години, почитувани мои, нашите гости имаа можност да уживаат во многу нешта – во настапите на најеминентните музички имиња од регионот. Тука беа Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Јелена Карлеуша, Јелена Томашевиќ, Аца Лукас, Александра Пријовиќ, Владо Георгиев, Наташа Беквалац, Сергеј Ќетковиќ, Милица Тодоровиќ. На нашата сцена продефилираа македонските најталентирани изведувачи. Тоа се Каролина Гочева, Влатко Лозаноски, Куку Леле, Игор Џамбазов, Игор Димовски, Зоран Илиев итн. И се разбира, најдобрите битолски групи како Боеми, Калабалак, The Groove, Гром, Инструметал Бенд, Тајфата и многу други“ – рече тој.
Роденденската забава всушност е и почеток на Gold Felicia Summer Festival, кој во наредните денови продолжува со Светлана Ражнатовиќ – Цеца, Тони Цетински и два спектакуларни настапи на Кабаре шоу.