Почетна » Новости » Актуелно » Зоран Заев и Христијан Мицкоски во домашна изолација, имале контакт со новинар позитивен на коронавирусот

Зоран Заев и Христијан Мицкоски во домашна изолација, имале контакт со новинар позитивен на коронавирусот

Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во задолжителна домашна самоизолација. Лидерите на најголемите политички партии имале контакт со новинар позитивен на коронавирусот.

Веста ја објави министерот Венко Филипче.

Заев и Мицкоски

„Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот. Тој новинар во текот на минатата недела имаше ТВ интервјуа со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, и Мицкоски и Заев се тестирани на коронавирусот.“

„Резултатот на Христијан Мицкоски, кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контакт со заболениот. Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети за неговите контакти. Резултатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со оглед на тоа што тој синоќа веќе беше заминат за Струмица, ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш по добивање на информациите е ставен во домашна изолација.“

„Новинарот е во стабилна здравствена состојба и во моментов е на лекување во болницата „8 Септември“. Во текот на утрото и денот ќе се направат епидемиолошки анкети со неговите контаки за да се утврди точниот наод и бројка на лицата, кои евентуално би оделе во самоизолација. За сите овие информации, како и за резултатот од тестот на претседателот Зоран Заев, ќе известиме на следната прес конференција во текот на денот и тогаш ќе одговориме на сите прашања“ - пишува Филипче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.