Зоран Заев им ги честита празниците на македонските граѓани.
Премиерот објави семејни фотографии на кои позира покрај накитена елка заедно со сопругата Зорица, ќерката Александра и синот Душко.
„Празниците носат посебни чувства на радост, топлина и убавина во секој дом. Да ги искористиме за да се видиме со најблиските, да си раскажеме и заеднички да се подготвиме за новите предизвици.“
„Имајте убави последни денови од 2019 година и дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам“ - стои во неговата порака.