Зоран Заев беше меѓу македонските политичари кои го пречекаа папата Франциск во Скопје. По пристигнувањето на аеродромот, Светиот Отец и 44-годишниот премиер, заедно со претседателот Ѓорге Иванов, се упатија во претседателската резиденција „Вила Водно“, каде Папата одржа свој говор.
Заев беше придружуван од сопругата Зорица и ќерката Александра и сподели фотографии од средбата со поглаварот на римокатоличката црква.
„Во рамките на апостолската посета на Неговата Светост и прв свештеник на Католичката Црква, се сретнав со Папата Франциск.“
„На средбата порачав дека оваа Апостолска посета е инспирација за народот на Северна Македонија и го замолив Папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата.“
„Ја истакнав заложбата Република Северна Македонија да ја продолжи својата афирмација како земја на заедништво и толеранција следејќи го примерот на делото на Светите Кирил и Методиј, кои во 1980 година Ватикан ги прогласи за покровители на Европа“ - стои во описот на фотографиите.