Почетна » Новости » Актуелно » Здравствениот караван на Клиника Жан Митрев „Здравје за сите“ ги посетува пациентите во Западна Македонија

Здравствениот караван на Клиника Жан Митрев „Здравје за сите“ ги посетува пациентите во Западна Македонија

Караванот „Здравје за сите“ за бесплатни кардиоваскуларни прегледи на пензионерите спроведени од тимот доктори од Клиника Жан Митрев продолжува во Западна Македонија. Бесплатните кардиоваскуларните прегледи од тимот доктори од Клиника Жан Митрев беа спроведени на пензионерите во Кичево и Струга, а следат градовите Македонски Брод, Прилеп и Крушево.

Сите пензиониери од овие градови што се пријавија за бесплатни прегледи од тимот составен до специјалисти од Клиника Жан Митрев добија анамнеза, ЕКГ и читање, ултразвучен кардио васкуларен преглед, контрола на ТА и консултации за навремено откривање и превенција на срцеви заболувања.

Клиника Жан Митрев караван Клиника Жан Митрев караван

Клиника Жан Митрев го започна здравствениот караван „Здравје за сите“ и бесплатните прегледи со цел да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба. Клиниката ја зголемува грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливи категории и оние без можност за консултации со доктор. Покрај прегледите, се прави и советување и едукација за правилно и навремено дијагностицирање на можни заболувања.

Здравствениот караван и спроведувањето на бесплатните прегледи е дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу Клиничката и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, а се спроведува во соработка со локалните организации.

Клиника Жан Митрев караван

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19747 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.