Министерството за здравство објави дека повторно има значителен пораст на заразени со коронавирус во земјава.
Во последните 24 часа се направени 1.019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на КОВИД-19. По градови, новозаболените се од:
- Скопје - 89
- Куманово - 4
- Штип - 2
- Прилеп - 2
- Тетово - 11
- Струга - 3
- Велес - 1
- Охрид - 8
- Гостивар - 1
- Струмица - 2
- Кичево - 1
- Ресен - 1
За жал, има и 7 смртни случаи. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти. Оздравените лица се од Скопје (1), Прилеп (1) и Велес (4).
Досега во земјата се направени вкупно 39.033 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје и нема позитивни резултати на КОВИД-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.