Ова лето не недостасуваат настани во салоните на Прима. Понекогаш тоа се попусти, понекогаш специјални изненадувања, а понекогаш родендени. Овој пат на 22.7 Прима ќе го прослави третиот роденден на салонот во Чаир. И по тој повод за сите свои купувачи подготви специјални попусти на добропознатиот хрватски мебел.
Меѓутоа, салонот на Прима во Чаир ќе ги изненади и со специјални подароци сите купувачи кои ќе одберат дел од асортиманот, а шефот Марк де Јонг од 11 до 15 часот ќе биде одговорен за вкусните закуски со кои ќе се почестат сите кои ќе бидат дел од нашата роденденска забава.
Прима како еден од најголемите произведувачи на мебел на овие простори повеќе од 25 години е пример за квалитет, постојано следење на најновите трендови во ентериерното уредување и насоки, како и одлични услуги кои постојано ги подобрува. Во последно време тоа е услугата Дизајн на ентериер со 3Д-рендер со кој на своите клиенти им нуди нацрт на секоја просторија поединечно, со што дизајнерите им излегуваат пресрет со своето знаење и искуство на клиентите покажувајќи им како ќе изгледа ентериерно нивниот животен простор и како најдобро ќе го искористат просторот.
Комерцијален текст