Борис Џонсон објави дека има коронавирус.
55-годишниот премиер на Велика Британија откри дека е позитивен на КОВИД-19 откако од страна на медицинско лице беше советуван да се тестира. Тој има само благи симптоми на болеста, но се стравува дека ѝ го предал вирусот на дел од министрите и на неговата бремена партнерка Кери Сајмондс.
„Во изминатите 24 часа почувствував благи симптоми и тестот покажа дека сум позитивен на коронавирус. Сега сум во само-изолација, но ќе продолжам да ја предводам владината работа преку видео-конференција додека се бориме со овој вирус. Заедно ќе го победиме.“ – напиша Џонсон.
Видео
Over the last 24 hours I have developed mild symptoms and tested positive for coronavirus.
— Boris Johnson #StayHomeSaveLives (@BorisJohnson) March 27, 2020
I am now self-isolating, but I will continue to lead the government’s response via video-conference as we fight this virus.
Together we will beat this. #StayHomeSaveLives pic.twitter.com/9Te6aFP0Ri
Борис и Кери објавија дека се свршија и дека го очекуваат првото дете на 29 февруари годинава.
Лондон се смета за епицентар на ширење на заразната болест во Велика Британија, каде досега се потврдени повеќе од 11.000 заразени лица и 578 смртни случаи.