Министерството за здравство информира дека денес Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се САМО 5 нови случаи на заболени од КОВИД-19 и тоа во: Скопје (2), Куманово (1), Прилеп (1) и Тетово (1).
Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се сè уште позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување.
Вкупната бројка на заболени од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 мај на пат кон болницата во Охрид. Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постмортем брис кој покажал присуство на вирусот.