Почетна » Новости » Актуелно » 125 новозаболени, 8 оздравени и 2 смртни случаи од коронавирус кај нас

125 новозаболени, 8 оздравени и 2 смртни случаи од коронавирус кај нас

Најновите податоци од Министерството за здравство покажуваат дека повторно има значителен пораст на бројот на новозаболени од коронавирус во нашата држава.

Во изминатите 24 часа потврдени се *125 нови случаи. Лицата кои се позитивни на КОВИД-19 по градови се од:

  • Скопје - 46
  • Kуманово - 19
  • Штип - 17
  • Прилеп - 1
  • Тетово - 16
  • Струга - 7
  • Велес - 3
  • Битола - 1
  • Охрид - 5
  • Гостивар - 6
  • Кочани - 1
  • Делчево - 1
  • Неготино - 2
коронавирус

Потврдени се 8 оздравени пациенти. Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Во изминатото деноноќие направени се 1.085 тестови. Од нив, 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.915, бројката на оздравени пациенти е 1.640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.124.

коронавирус

*Во првичната верзија на извештајот на Институтот за јавно здравје, бројот на новозаболени од КОВИД-19 беше 79, но по сумирањето на сите резултати, се искачи на 125.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.