Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.156 тестирања, а има 674 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 352
- Битола – 44
- Велес – 33
- Прилеп – 31
- Кавадарци – 27
- Куманово – 22
- Гевгелија – 21
- Кичево – 17
- Струмица – 16
- Тетово и Гостивар – по 12
- Охрид – 11
- Неготино – 10
- Ресен – 9
- Радовиш – 8
- Штип – 6
- Кочани, Струга, Свети Николе, Валандово и Крушево – по 5
- Македонски Брод и Демир Капија – по 3
- Крива Паланка, Делчево, Берово, Дебар и Богданци – по 2
- Кратово и Демир Хисар – по 1
Од вкупниот број на позитивни (674), регистрирани се 98 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 5 од Скопје (55г, 66г, 74г, 74г и 78г), 2 од Тетово (69г и 78г) и по едно од Прилеп (88г), Охрид (88г), Струга (75г), Битола (85г) и Кочани (74г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (2), Крива Паланка (3), Битола (1), Тетово (1), Струга (1), и Пробиштип (1). Починатите лица се на возраст од 48г. до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 31.01. до 20.02.2022. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лице се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 978 оздравени пациенти од:
- Скопје – 569
- Велес – 53
- Куманово – 49
- Битола – 47
- Кавадарци – 39
- Прилеп – 33
- Тетово – 26
- Гостивар, Струмица и Гевгелија – по 19
- Неготино – 18
- Кичево – 17
- Радовиш – 12
- Дебар – 9
- Кочани и Ресен – по 8
- Штип – 7
- Охрид – 5
- Кратово – 4
- Свети Николе и Крива Паланка – по 3
- Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2
- Виница, Демир Капија и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.082, бројот на оздравени пациенти е 280.675, на починати е 8.958 а бројот на активни случаи изнесува 5.449.