Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 965 тестирања, а има 64 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 50
- Прилеп и Кавадарци – по 5
- Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница – по 1
Од вкупниот број на позитивни ( 64 ), регистрирани се 12 реинфекциии.
Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 се регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (63г) и Струмица (77г), починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Скопје (73г) и Гевгелија (63г). Пријавените лица се починати во период од 05.03. до 12.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.
Регистрирани сe 296 оздравени пациенти од:
- Скопје – 173
- Прилеп – 17
- Кавадарци – 14
- Куманово – 13
- Струмица – 11
- Битола – 10
- Велес, Гостивар и Охрид – по 8
- Кочани и Дебар – по 4
- Кичево, Ресен и Кратово – по 3
- Крива Паланка, Штип, Струга, Гевгелија, Берово и Валандово – по 2
- Тетово, Радовиш, Богданци, Демир Капија и Пехчево по – 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.418, бројот на оздравени пациенти е 292.344, на починати е 9.184, а бројот на активни случаи изнесува 1.890.