Почетна » Новости » Актуелно » 53 оздравени, 13 новозаболени и 4 нови смртни случаи од коронавирус кај нас

53 оздравени, 13 новозаболени и 4 нови смртни случаи од коронавирус кај нас

Според најновите информации од Министерството за здравство, регистрирани се 13 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на заболени од КОВИД-19 кај нас се искачи на 1.399.

По градови, новозаболените се од Скопје (4), Куманово (5), Прилеп (2) и Тетово (2).

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 оздравени пациенти. По градови: Скопје (25), Куманово (13), Прилеп (5), Струга (1), Битола (4), Охрид (1) и Кочани (4).

коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58-годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81-годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.

коронавирус

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје – 475
  • Куманово – 376
  • Дебар – 51
  • Штип-34
  • Прилеп –143
  • Тетово – 75
  • Струга – 64
  • Велес – 66
  • Битола –19
  • Охрид –15
  • Кавадарци – 5
  • Гостивар –15
  • Гевгелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка-5
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 28
  • Пробиштип – 2
  • Кичево – 2
  • Неготино -4
  • Демир Хисар – 1
  • Македонски Брод -2
  • Пехчево- 1
  • Валандово -1
  • Виница – 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен 1 нов пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив 18 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 32. На респираторна машина се 7 пациенти, а со потешка клиничка слика уште 4.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, а се следат вкупно 8 пациенти во домашно лекување, додека во болницата во Штип се лекуваат 2 пациенти, а се следат уште 9. На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни на КОВИД-19.

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.