Во изминатото деноноќие регистирани се 53 нови случаи на коронавирус во земјата. Министерството за здравство информираше дека 13 од новозаболените се од Скопје, 9 од Куманово, 9 од Прилеп, 4 од Тетово, 2 од Струга, 12 од Велес, 2 од Битола и 2 од Македонски Брод.
Со тоа, вкупниот број на заболени од КОВИД-19 кај нас се искачи на 1.170.
Денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти! Од нив 6 се испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.
Уште една добра вест е што во изминатото деноноќие нема нов смртен случај од КОВИД-19 во земјата.
Во изминатите 24 часа направени се вкупно 697 тестови.
Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
- Скопје – 401
- Куманово – 320
- Дебар – 51
- Штип – 32
- Прилеп – 112
- Тетово – 52
- Струга – 55
- Велес – 55
- Битола – 17
- Охрид – 7
- Кавадарци – 4
- Гостивар – 12
- Гевгелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка – 4
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 26
- Пробиштип – 2
- Кичево – 2
- Неготино – 2
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод – 2