Почетна » Новости » Актуелно » 44 оздравени, 13 нови заболени и 2 смртни случаи од коронавирус во Македонија

44 оздравени, 13 нови заболени и 2 смртни случаи од коронавирус во Македонија

Венко Филипче соопшти дека денес Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти.

Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Куманово (1), Прилеп (3), Тетово (3), Велес (5) и Битола (1). Досега во земјата се направени вкупно 17.836 тестирања на КОВИД-19.

податоци

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на КОВИД-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот.

Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.539, бројката на оздравени пациенти е 1.057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19735 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.