Во изминатото деноноќие потврдени се 22 нови случаи на коронавирус во земјата.
Министерството за здравство информираше дека новите заболени се од Скопје (11), Куманово (2), Струга (1), Велес (3), Кавадарци (2), Гостивар (2) и Неготино (1).
Со тоа, вкупната бројка на заболени од КОВИД-19 во Македонија се искачи на 1.421.
Во последните 24 часа, потврдени се 36 нови оздравени пациенти. Оздравените пациенти се од: Скопје (19), Куманово (1), Штип (5), Прилеп (4), Тетово (1), Струга (1), Велес (3), Гостивар (2).
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63-годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58-годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април. Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на КОВИД-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 52. Критично болни и на механичка вентилација се 3 пациенти, 25 се со потешка клиничка слика и на кислородна маска.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. Со потешка клиничка слика се 3 пациенти, а на респираторна машина вкупно 6.
Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 8. Во Штип на болничко лекување има 2, а на домашно се следат уште 6 пациенти. На останатите инфективни одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Тетово се хоспитализирани вкупно 46 пациенти, позитивни и суспектни на КОВИД-19.