Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.658 тестирања, а има 30 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 14
- Куманово 4
- Тетово и Кочани по 2
- Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип по 1
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 8 од Скопје (61г, 62г, 69г, 72г, 75г, 80г, 82г и 82г), две лица Битола (65г, 82г) и по едно лице од Куманово (80г), Струмица (76г), Охрид (68г), Гостивар (73г), Ресен (69г) и Струга (72г).
Регистрирани се 359 оздравени пациенти од:
- Скопје 163
- Куманово 31
- Битола 26
- Тетово 16
- Велес и Кичево по 12
- Кочани, Гостивар и Кавадарци по 11
- Ресен 10
- Штип 9
- Виница, Прилеп и Свети Николе по 6
- Струмица 5
- Неготино и Берово по 4
- Радовиш и Гевгелија по 3
- Крива Паланка и Дебар по 2
- Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913.