Во нашата држава бројот на заболени од новиот коронавирус достигна 177.
Министерството за здравство објави дека има 29 нови случаи, од кои најголем дел се од Скопје (20). Три лица се од Куманово и едно од Дебар.
За првпат позитивни лица има од Велес (3) и Прилеп (2).
Заразените од Прилеп се сопружници кои не патувале во странство. Најверојатно тие ја добиле болеста од нивниот син кој бил на скијање на Копаоник, а се вратил пред 10 дена. Сè уште нема резултати за синот.