Според новите информации објавени од Министерството за здравство, во Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани само 7 нови случаи на коронавирус.
По градови, 2 се од Куманово, 3 од Тетово и 2 од Кочани.
Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.231.
Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Лабуништа на 70-годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.
Во изминатото деноноќие направени се 207 теста, а досега во земјата се направени вкупно 12.340 тестирања.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се 7 пациенти, а 5 пациенти се на респираторна машина.
Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.
Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
- Скопје – 411
- Куманово – 340
- Дебар – 51
- Штип – 34
- Прилеп –117
- Тетово – 60
- Струга – 55
- Велес – 59
- Битола – 17
- Охрид – 15
- Кавадарци – 4
- Гостивар – 13
- Гевгелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка-4
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 28
- Пробиштип – 2
- Кичево – 2
- Неготино -2
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод – 2
- Пехчево – 1