Министерот Венко Филипче објави дека денес Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти.
Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје (12), Куманово (1), Прилеп (3), Тетово (2,) Битола (1) и Гостивар (1). Досега во земјата се направени вкупно 19.096 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.642, бројката на оздравени пациенти е 1.136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.